Top Sport

Трагичарите трпат расистички навреди на социјалните мрежи

Младите англиски фудбалери, Рашфорд (23), Санчо (21), Сака (19), кои не реализираа во пенал серијата против Италија во финалето на ЕУРО 2020, се цел на расистички напади по социјалните мрежи.

Тројцата фудбалери на Инстаграм профилите добиле пораки со навредливи содржини и смртни закани.

„Остро ги осудуваме сите облици на дискриминација, згрозени сме од расизмот на интернет насочен кон некои наши играчи. Ќе сториме се за да ги поддржиме нашите играчи и во исто време бараме најстроги казни за одговорните. Нашата порака е јасна, некој кој пишува вакви пораки не е добредојден на натпреварите на нашата репрезентација“, соопшти Фудбалската асоцијација на Англија.

Scroll to Top