МЗТ Скопје првпат оваа сезона го совлада својот „вечен“ ривал, Работнички за да обезбеди предност во плеј-офот со втората позиција во Суперлигата.
Работнички досега трипати го победуваше МЗТ, но овојпат во Аеродром, „металците“ одиграа одлично и со 80:76 го совладаа тимот на Марин Докузовски за обезбедување на второто место во плеј-офот, и домашна предност пред дуелот со Блокотехна. Работнички, останува на првото место, и го чека дуел со Куманово.
За разлика од претходните дуели, овојпат Работнички не успеа да се одвои и да направи голема предност, туку се играше израмнето во текот на целиот натпревар – МЗТ имаше предност од четири поени на полувреме (47:43). Работнички направи мини-пресврт во последната четвртина за да дојде во водство од 57:56, но на крајот домаќините успеаја да слават важна победа.
Крофорд даде 16 поени и имаше 10 скока за МЗТ, дорека Трајковски имаше 12 поени. Кај „центарци“, Чавдар Костов имаше фантастични 29 поени.
Фото: МЗТ Скопје