Италија го освои ЕУРО 2020 по подоброто изведување на пенали, а по завршувањето на турнирот, новиот стратег на Рома, португалскиот стручњак Жозе Мурињо го одбра играчот кој според него бил најдобар на ЕП.
„За мене играч на турнирот е Кајл Вокер. Од првата минута на натпреварувањето па до моментот кога истрча во финалето, беше феноменален. Кога играчот ќе го наречам животно, тоа е најголемиот комплимент кој можам да го дадам. Кајл Вокер е апсолутно животно“ изјави Мурињо за „talkSPORT“.
Вокер (31) е дефанзивец на Манчестер Сити. За Англија синоќа го одигра 61. натпревар.