Светската куќа на фудбалот (ФИФА), на турнир во Холандија, ќе тестира пет нови фудбалски правила.
На турнирот во Холандија ќе играат резервните тимови на АЗ Алкмар, ПСВ Ајндховен, Клуб Бриж и Лајпциг.
Еден од оние кои најмногу се залага за воведување на новите правила е поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, кој последните неколку години работи во ФИФА.
Натпреварите на турнирот ќе траат 60 минути, односно ќе се играат две полувремиња по 30 минути.
1. Додека траат прекините, времето ќе биде стопирано, како што тоа се прави во кошарката
2. Тренерите ќе можат да вршат „летечки“ измени, како во ракометот или хокејот
3. Играч кој ќе биде казнет со жолт картон ќе мора да излезе пет минути од теренот
4. Топката од аут ќе се изведува со нога
5. Фудбалерот кој изведува слободен удар или корнер, може да тргне со топката во дриблинг, без претходно да му ја подаде на некој од соиграчите
Дали ви се допаѓаат новите фудбалски правила?