Унгарскиот ракометен клуб Пик Сегед, на својата интернет страница, го потврди трансферот на левиот бек на Вардар, Хорхе Македа.
Шпанецот со Пик Сегед потпишал двегодишен договор, а од наредната сезона соиграч ќе му биде уште еден играч на Вардар, сонародникот Жоан Канелјас.
Македа, летото во 2015 година дојде во Вардар од француски Нант. Во кариерата настапувал и во Барселона, Алкобендас и Арагон.
За Шпанија одиграл 105 натпревари. Има злато и бронза од светските првенства во 2013 и 2011 година, односно сребро и бронза од европските шампионати во 2016 и 2014 година.
Вардар по завршувањето на сезоната покрај Шпанците Македа и Канелјас ќе го напуштат и тренерот Раул Гонзалес, односно Штербик, Марсениќ и Чиндриќ.