Стивен Џерард се согласи да стане нов менаџер на Глазгов Ренџерс со четиригодишен договор, потврди славниот шкотски клуб во петокот.
Легендата на Ливерпул пристигна во Лондон за преговори во четвртокот, свеж по пласманот на неговиот клуб во финалето на Лигата на шампионите. Џерард во моментов работи како тренер во академијата на Ливерпул, клубот во кој помина поголем дел од кариерата.
Сега, тој ќе биде на клупата на Ренџерс, со можност за дуел против својот поранешен тренер од Ливерпул, Брендан Роџерс, кој е на чело на доминантните Селтик.
#RangersFC are delighted to confirm that Steven Gerrard has agreed to become the new manager of the Club. pic.twitter.com/uUOVnJWI7I
— Rangers Football Club (@RangersFC) May 4, 2018
„Почестен сум што сум следниот менаџер на Ренџерс. Имам огромна почит кон клубот, историјата и традицијата и едвај чекам да ја започнеме заедничката работа“, вели Џерард во соопштението на клубот.
Според „Дејли рекорд“, Џерард се согласил да го замени привремениот менаџер Греем Марти по преговорите минатата недела околу достапниот буџет на клубот.