Легендарниот шведски тенисер, Матс Виландер за француски „L’Ekip“ прогнозира уште колку долго најдобрата тројка во светот на тенисот Ѓоковиќ – Надал – Федерер може да владее на тениската сцена.
„Кога ќе ги погледнете Надал и Федерер си велите ок. Зошто не би можеле да издрѓат уште година или две на ова ниво.
Тогаш, го гледате Ѓоковиќ и си помислувате, па овој човек може да издржи уште 10 години“ вели Виландер.
Тој смета дека разликата што ја прави Новак во однос на конкурентите е голема.
„Новак е попаметен играч за разлика од порано. Кога Агаси почна да работи со него во 2017 година призна дека е изненаден од фигурата на Ѓоковиќ и колку е тој посветен на секој меч и тренинг“ вели Швеѓанецот.
Потоа даде свој коментар и за финалето на Вимблдон против Беретини.
„Во тоа финале можеше да победи со 6-3 6-3 6-3. Како можеш да си толку доминантен на трева, а да го немаш сервисот на Пит Сампрас или Роџер Федерер: Мислам дека не постоел подобар само во една работа – излегување на мрежа. Одбраната му е неверојатна, точно знае каде да стои и како да се движи“ заклучи Матс Виландер.
Следната мета за српскиот ас е САД опен кој почнува на крајот на август.