Top Sport

Циципас: Голем мотив е да го бркаш Новак Ѓоковиќ

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас оваа недела настапува на тенискиот турнир на земјена подлога, во Хамбург. Се пласираше во четвртфиналето каде утре го очекува дуелот со српскиот тенисер Филип Краиновиќ.

Циципас имаше лоши моменти на Вимблдон – испадна уште во прво коло, а во Хамбург зборуваше за трката за првото место на кое самоуверено владее Новак Ѓоковиќ. До Ролан Гарос грчкиот ас беше прв во АТП трката сезонава, но Новак со победите во Париз и Лондон го претекна. Сепак Циципас верува дека на крајот на сезоната може да заврши пред Србинот. Судејќи по тоа како игра првиот на АТП листата – мисијата е посебно тешка.

„Трката за Торино е голема мотивација за мене. Знам дека сум многу блиску до Новак. Мотивиран сум за подобар втор дел од сезоната. Ќе имаме многу акција во САД, на тврда подлога, постои јаз во бодовите кој морам да го надминам. Сакам да освојам многу бодови и пак да бидам на првото место“ вели Циципас за „АТП тв“.

И тој е свесен дека ќе биде многу тешко.

„Моето тело мора да биде во вистинската состојба за тоа да го сторам. Морам и ментално да сум подготвен“ рече Циципас.

Scroll to Top