Top Sport

Дел Пјеро: Тоа што екипата и стручниот штаб го направија на ЕП е неверојатно

Тој беше еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња, легендарен капитен на Јувентус од 1993 до 2012 година – Алесандро Дел Пјеро. За овој период одигра 513 меча во дресот на „Старата дама“, а постигна 208 гола.

Со Италија во 2006 година го освои Мундијалот во Германија. За „Азурите“ одигра 91 меч и постигна 27 гола.
Италијанската фудбалска легенда даде свое мислење за освојувањето на европската титула на пулените на Роберто Манчини:

„Многу сме горди на оваа титула, затоа што пред три ипол години Италија не успеа да се квалификува на СП. Тоа што екипата и целиот стручен штаб го направија на ова ЕП е неверојатно. Уживавме, бевме пресреќни. Во тоа е убавината на фудбалот. Некогаш падови, а некогаш големи успеси. Тајната е во тоа што не се откажуваа, му покажаа на светот дека заедно можат секој тим да го победат“ рече Дел Пјеро при неговата посета на Белград.

Италијанскиот ас во кариерата имаше понуди да се пресели во Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но тој му остана верен на Јувентус.

„Никогаш немав тајни, обожувам фудбал. Сакав да се натпреварувам и да прифаќам нови предизвици. Отсекогаш бев навивач на Јувентус, тоа е клубот кој ме инспирираше, го сакам тој клуб, со соиграчите поминав се, и убави и тажни моменти, но фудбалот на сите нас ни го донесе она најдоброто во животот“ рече Дел Пјеро.

Scroll to Top