Бекот на италијанската фудбалска репрезентација, Џовани Ди Лоренцо кој беше стандарден во првата постава на селекторот Манчини на ЕУРО 2020 со своите игри го привлече вниманието на големите фудбалски клубови во Европа.
Минатите денови Ди Лоренцо се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, но стана јасно дека од неговата преселба во Премиерлигата нема ништо. Дефанзивецот покажа дека парите не му се најбитниот фактор.
Синоќа од Наполи потврдија дека Ди Лоренцо потпишал нов договор до 2026 година.
Клубот од Неапол на својот 27-годишен играч му понуди нов договор, а овој го прифатил без размислување.
Ди Лоренцо потекнува од Реџина, а во Наполи е од летото 2019 година. Дојде од екипата на Емполи за 8 милиони евра.