Една година откако го помиан Леброн Џејмс, Роџер Федерер повторно е на првото место со највисока вредност на „брендот“ според магазинот „Форбс“. Швајцарецот на пазарот вреди 37.2 милиони долари, или 3.3% повеќе од минатата година.
„Маркетинг-агентите се умни. Кога ќе видат некој спортист кој има постојано добри резултати, скромен однос, посветеност кон другите и љубов кон спортот, нормално е да сакаат да се поврзани. Роџер својата вредност ја покажува со своите долгогодишни корпоративни партнери“, вели Тони Годсик, агентот на Федерер.
„Брендот“ на спортистот се одредува според заработувачката надвор од платата, наградните фондови и бонуси. Џејмс е втор на листата со 33.4 милиони долари, а Федерер беше четврти на листата на најдоброплатени спортисти со 64 милиони долари заработени во 2016. И другите тенисери одлично заработија во 2016 – Новак Ѓоковиќ беше 16. (37.6 милиони долари), Кеи Нишикори на 26. место (33.9 милиони долари), Рафаел Надал на 33. место (31.5 милиони долари) и Енди Мареј на 40. место (28.8 милиони долари).
Федерер исто така беше високо и на листата на „Форбс“ Селебрити 100, каде што се одредуваат најдоброплатените славни лица во 2017. Федерер беше на 23. место.