Top Sport

Вардарците најефикасни во ремито помеѓу Словенија и Хрватска

Ракометните репрезентации на Словенија и Хрватска во склоп на ЕХФ неделата, вечерва во Љубљана, го одиграа првиот од двата пријателски натпревари. Дуелот, во контроверзна завршница заврши 26:26 (13:14).

Хрватска во текот на целиот меч имаше предност, а во последната минута играчите на Лино Червар влегоа со гол предност и играч повеќе. Во таква ситуација пикерот Муса од добра позиција го погоди дирекот.

По тајмаутот на Веселин Вујовиќ, Словенија во напад тргна со шетмина, а на шест секунди до крајот најдобриот Словенец на овој меч Млакар од девет метри го совлада Алиловиќ.

Хрватите бргу ја изведоа топката, Карачиќ успеа да упати удар кој заврши во голот со истекот на времето. Едниот судија го призна голот, а вториот не. Потоа делегатот реши дека голот бил постигнат по истекот на времето и мечот заврши 26:26.

Решавачките моменти можете да ги погледнете тука

Млакар со седум голови ја предводеше Словенија, додека кај Хрватска најефикасни беа играчите на Вардар, Чупиќ постигна осум, а Циндриќ пет гола.

Вториот пријателски дуел Словенија и Хрватска ќе го одиграат за два дена во Загреб.

Scroll to Top