Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул, не бираше зборови кога ја коментираше победата на Луис Хамилтон, на Големата награда на Велика Британија.
Трката на патеката Силверстон, донесе многу возбуда, а започна со инцидентот во кој актери беа Луис Хамилтон и Макс Ферстапен.
По контактот меѓу болидите, Ферстапен заврши надвор од патеката, болидот му беше уништен, а трката прекината.
Ферстапен беше веднаш префрлен во локалната болница, на дополнителни прегледи.
„Хамилтон го испрати својот противник во болница. За мене ова е Пирова победа“, рекол Хорнер по завршувањето на трката
Погледнете го инцидентот помеѓу Хамилтон и Ферстапен.