Top Sport

Почина легендата на југословенската атлетика, Ненад Стекиќ

По долга и тешка болест, во неделата, на 71 годишна возраст почина прочуениот југословенски атлетичар, Ненад Стекиќ.

Долгогодишниот член на АК Црвена звезда, во историјата на атлетика е запишан како првиот белец кој во далечина скокнал 8,45 метри.

На пред олимпискиот митинг во Монтреал во 1975, Стекиќ забележал скок пд 8,45 метри, што во тој момент бил втор најдобар резултат во историјата, зад легендарниот скок на Боб Бимон (8,80 метри).

Границата од осум метри во кариерата ја прескокнувал 144 пати, што и денес е рекорд во атлетиката.

Стекиќ три пати бил европски шампион, во скок во далечина.

Scroll to Top