Фудбалерот на мадридски Атлетико, Стефан Савиќ ќе биде надвор од терените поради повреда на десниот бутен мускул, соопштија денеска од таборот на „јорганџиите“.
Во краткото соопштение се наведува дека црногорскиот репрезентативец има повреда на десниот квадрицепс, но засега не е познато колку 30-годишниот дефанзивец ќе е надвор од тренажниот процес.
Поранешниот играч на Партизан и Манчестер Сити во 2015 година од Фиорентна прејде во Атлетико.
За тимот од Мадрид одигра 202 меча и постигна 3 гола.
Новата сезона во Ла Лига започнува на 14 август.
? Savic suffers a myofascial injury to the right quadriceps.
— Atlético de Madrid (@atletienglish) July 19, 2021