Top Sport

Талент си е талент – Алонсо победи во дебито во ВЕЦ шампионатот (видео)

Фернандо Алонсо имаше победнички старт на настапите во Светскиот ендуранс шампионат (ВЕЦ) на ФИА, откако триумфираше на трката Шест часа Спа-Франкоршамп.

36-годишниот двократен Формула 1 шампион, кој оваа сезона вози со Мекларен во Формула 1, заедно со Себастиен Буеми и Казуки Накаџима стигна до својата прва победа на големо натпреварување по Шпанското ГП во 2013 година. Со Тојота ТС050, тие успеаја да ги победат своите клупски колеги од Тојота (Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Хозе Марија Лопез) за 1.444 секунди.

Следна трка за Алонсо во ВЕЦ шампионатот е „класичната“ 24 Часа Ле Ман на 16 и 17 јуни. Шпанецот сака да стане првиот модерен возач со „тројната круна“ во мотоспортот – победи на Монако ГП трката, Ле Ман и Индијанаполис 500 (каде што лани имаше добри шанси за победа пред да му откаже моторот). Ова досега го има направено само легендарниот Греем Хил.

Scroll to Top