Top Sport

Бруталниот Белју го стопираше Хеј во петтата рунда (видео+галерија)

Тони Белју имаше „експлозивно“ шоу за да стигне до втора нокаут победа во 14 месеци над британскиот сонародник Дејвид Хеј во „О2 Арената“ во Лондон.

35-годишниот Белју, во најдобрата форма во кариерата, успеа да го избегне нападот на Хеј во третата рунда од мечот во тешка категорија, за потоа да го прати својот ривал на подот со сигурна левица. Неколку моменти подоцна следуваше уште еден нокдаун, и Белју, кој беше аутсајдер кај обложувалниците, во петтата рунда ја заврши работата со ново праќање на Хеј на подот. Хеј стана, но по уште еден брутален напад, судијата Хауард Фостер го прекина мечот.

37-годишниот Хеј, кој пред мечот најави дека му е потребен спектакуларен нокаут за да ја продолжи кариерата, сега најверојатно е пред пензија по вербалната војна меѓу двајцата боксери пред ри-мечот. Тој тврдеше дека го загубил првиот меч само поради повредата на стапалото, но овојпат беше апсолутно „уништен“.

Scroll to Top