Top Sport

Со два автогола ја расипал местенката – наместо 5:1, завршило 7:0

Во првенството на Гана наводно бил наместен натпреварот меѓу Ашанти Голд и Интер Алиес – требало да заврши 5:1, но благодарение на двата автогола на извесен Хашмин Мусаха (Интер), мечот завршил 7:0.

Мусаха тврди дека во хотелот пред мечот слушнал дека се подготвува местенка во прилог на обложувалниците, па решил да ја расипе.

„Во хотелот слушнав некои луѓе од клубот дека е наместен резултатот на натпреварот, требало да загубиме 5:1.
Одлучив да ги расипам тие планови, затоа што сум голем противник на обложувањето и на местењето. По дуелот сите ми честитаа“ – рекол Мусаха по мечот.

Ова се двата негови автоголови:

А погледнете го овој комичен гол Ашанти Голд уште во раната фаза од мечот:

Scroll to Top