Загрепски Динамо со 2-0 ја победи кипарска Омонија во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.
„Модрите“ со головите на Мајер во 65-та и на Јакиќ во 81. минута обезбедија солидна предноста пред гостувањето на топлиот Кипар за 7 дена.
Дамка на мечот е повредата на капитенот на Динамо, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој во 39 минута при еден судир со противнички играч се пожали на силна болка во бутниот мускул, па мораше предвреме да го заврши мечот.
За Динамо сите 90 минути ги одигра и македонскиот репрезентативен дефанзивец, Стефан Ристовски.
Во истиот вечерен термин, солидна предност пред реваншот обезбеди и унгарски Ференцварош кој на домашен терен со 2-0 ја совлада екипата на Жалгирис од Литванија.
Узуни и Нгвен со головите во првото полувреме донесоа предност од 2-0. Унгарскиот тим се чини дека пласманот во следната фаза можеше да го завери уште на денешниот дуел, но Узуни во 91 минута промаши пенал.
Претходно, на Гибралтар романски Клуж со 2-1 славеше гостински триумф против екипата на Линколн, додека во Ерменија тимот на Алашкерт доживеа минимален пораз со 1-0 од молдавски Шериф Тираспол.