Top Sport

Стоичков: Немам време за Инстаграми, тинтири-минтири…

Легендата на бугарскиот фудбал и на ЦСКА Софија, Христо Стоичков во последното интервју за бугарската „ТВ нова“, зборуваше за својот живот, за јубилејот на ЦСКА, за независноста на Каталонија, но и за социјалните мрежи.

„Камата“, за разлика од некои други поранешни фудбалски ѕвезди, призна дека се откажал од обидот да биде присутен на социјалните мрежи, бидејќи тоа го сметал за трошење на време.

„Сега сите користат ајпади, инстаграми, тинтири-минтири. Јас немам време за такви глупости, ниту ми треба тоа. Си имам обврски кои се поважни од тоа“, вели Стоичков.

Во саботата, Стоичков, заедно со Димитар Бербатов и Димитар Пенев со хеликоптер пристигна на стадионот „Васил Левски“ како дел од прославата на 70-годишнината на основањето на ЦСКА Софија.

Scroll to Top