Напаѓачот на Реал Мадрид и на француската фудбалска репрезентација, Карим Бензема (33) е позитивен на коронавирусот, соопштија од Кралскиот клуб.
Голгетерот ќе биде во карантин најмалку 10 дена, соопштија од клубот кој им прави ПЦР тестови на своите фудбалери уште пред да дојдат во тренинг кампот на „Лос Бланкос“.
Останува отворено прашањето дали Французинот ќе биде подготвен за почетокот на сезоната во Ла Лига, но едно е сигурно – првата средба со новиот кормилар Карло Анчелоти ќе ја има на почетокот на август.
Наодамна со „триколорите“ настапи на ЕУРО 2020, а Франција беше елиминирана во осминафиналето од Швајцарија.
Comunicado Oficial: Karim Benzema#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) July 23, 2021