Наполи одигра само 2:2 со тимот на Торино, резултат кој му одговараше на вториот пославен тим од северниот италијански град, Јувентус, кој практично повторно е шампион на Серија А.
Наполи со освоениот поен заостанува точно шест поени зад Јувентус на табелата со две кола до крајот на шампионатот, но гол-разликата на Јуве е +61, додека Наполи има +45, така што дури и Јуве да не освои поен во последните два меча, Наполи ќе треба да победува со просек од осум гола разлика.
Против „биковите“, Наполи двапати имаше во водство, но на крајот победата избега. Дрис Мертенс во 25. минута им донесе водство на „партенопеи“, но Даниеле Басели израмни на почетокот на второто полувреме. Марек Хамшик го продолжи својот рекорд по бројот на голови за Наполи во 71. минута со фантастичен гол од работ на шестнаесетникот, но Де Силвестри девет минути подоцна израмни на 2:2.
СЕРИЈА А, 36.КОЛО
Киево – Кротоне 2:1
Џенова – Фиорентина 2:3
Лацио – Аталанта 1:1
Наполи – Торино 2:2
СПАЛ – Беневенто 2:0