Top Sport

Алжирец се повлече од ОИ, не сакал да се соочи со противник од Израел

Алжирскиот репрезентативец во џудо, Фетхи Нурин, решил да се повлече од Олимписките игри, за да не мора да се соочи во противник од Израел.

Нурин, во првата рунда, во категоријата до 73 килограми, требало да се сретне со Мохамед Абдалсол од Судан, а во наредната фаза со Израелецот, Тохар Бутбул.

„Напорно работевме за да се квалификуваме на ОИ, но палестинското прашање е многу поголемо од ова. Мојата одлука е конечна, не сакам да си ги извалкам рацете“, изјавил Нурин, за алжирската национална телевизија.

Нурин.ваква одлука донел и во 2019 година на Светското првенство кое исто така се одржа во Токио.

Scroll to Top