Аргентинскиот тренер, Маурисио Покетино, потпиша нов договор со ПСЖ. Покетино во Париз пристигна во јануари оваа година, на местото на Томас Тухел.
Пред седум месеци, Покитино потпиша договор со „светците“, до јуни 2022 година. Денес тој го продолжи договорот на уште една сезона.
Досега Покетино го водел ПСЖ на 23 натпревари, забележал 23 победи, седум порази, а четири пати неговиот тим ремизирал.
Не успеа да ја освои титулата, која заврши во Лил.
Во новата сезона, ПСЖ, влегува со големи амбиции. Покрај домашните трофеи, ПСЖ ќе се обиде да ја освои и Лигата на шампионите.
За да ја остври таа цел, Покетино, во преодниот рок ги доби Џиџи Донарума, Жоржињо Вајналдум, Ашраф Хакими и Серхио Рамос.