Top Sport

Бурен финиш на првото полувреме – Барса ќе продолжи со 10 играчи (видео)

Второто „Ел Класико“ оваа сезона нема некоја резултатска важност (Барса е веќе шампион), но овој меч никогаш не поминува без возбуди, како што покажа првото полувреме по кое е 1:1.

Сержи Роберто можеше да биде херој на натпреварот, откако истрча фантастично да го најде Луис Суарез за водство на Барса, кое потоа беше поништено од Кристијано Роналдо, за во финишот на полувремето да го удри Марсело по една провокација и да добие црвен картон.

Првата половина од полувремето помина во добра игра и коректен однос, но беше доволна една „искра“ меѓу Луис Суарез и Серхио Рамос, за да следуваат неколку остри стартови во низа. Прво Лионел Меси доби жолт картон за брутален старт над Рамос, пред Герет Бејл да има среќа што не доби црвен картон по остриот фаул над Умтити, пред сѐ да кулминира со потегот на Сержи Роберто.

Второто полувреме сигурно ќе донесе уште повеќе искри.


Scroll to Top