Top Sport

Кеси нема намера да го напушти Милан

Фудбалерот на Милан, Франк Кеси, нема намера да го напушти Милан. Кеси има договор со Милан до наредното лето, поради што се шпекулира дека би можел да го напушти „Сан Сиро“.

„Горд сум што играм за Милан, немам намера да заминам. Сакам засекогаш да останам тука“, изјави Кеси за „Газета дело Спорт“.

Интерес за 24-годишниот фудбалер има кај Тотенхем и Ливерпул.

Некои италијански медиуми објавија дека Кеси ќе преговара за нов договор кога ќе се врати од Олимписките игри во Токио, каде што настапува за репрезентацојата на Брегот на Слоновата коска.

„Кога ќе се вратам од Токио се ќе средиме. Јас го сакам само Милан. Спортскиот директор Паоло Малдини знаа какви се моите желби“, рекол Кеси.

Кеси минатата сезона одигра 37 натпревари, постигна 12 голови и забележа шест асистенции.

Scroll to Top