Фаворитте на тенискиот турнир во Токио, лесно ја минаа втората рунда. Пласаман во третото коло обезбедија Новак Ѓоковиќ, Данил Медведев и Александар Зверев.
Првиот носител, Ѓоковќ, за 75 минути го победи Германецот Јан-Ленард Штруф.
Ѓоковиќ славеше со 6/4, 6/3. Клучниот брејк во првиот сет го направи во десеттиот гем. Вториот го започна со брејк, но иако Штруф возврати, немаше сили посериозно да му се закани на најдобриот светски играч.
Ѓоковиќ во третото коло ќе игра против Шпанецот Давидович-Фокина, кој во три сета го победи Џон Милман.
Данил Медведев го декласира Сумит Нагал од Индија. Русинот на противникот му препушти само три гема, два во првиот и еден во вториот сет. Во наредната рунда ќе игра против Фабио Фоњини.
Гем повеќе од Медведев, на противникот му препушти Александар Зверев. Германецот слвеше со 6/2, 6/2 против Даниел Галан. Зверев во треотот коло ќе игра против Николоз Басилашвили од Грузија.