Поранешниот американски претседател Доналд Трамп смета дека женската фудбалска репрезентација на САД го загуби првиот меч на олимпискиот турнир бидејќи се „woke“ (термин за расна и социјална освестеност).
САД по 44 меча без пораз, загубија со 3:0 од Шведска, пред да се вратат за 6:1 победа над Нов Зеланд.
„Вокизмот те тера да губиш, да го загубиш умот, и да те уништи како личност. Стануваш пореметен. Американската женска репрезентација е совршен пример за тоа. Затоа загубија од Шведска, а Американците беа среќни поради тоа“, изјави Трамп.