Top Sport

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми.

Во полу-финалето, Георгиевски го победи Ин Кјо Дон од Јужна Кореја со 12:6. Првата рунда му припадна на Кореецот со 1:0, додека во останатите две Георгиевски беше убедлив, во втората со 5:2 и во третата со 7:3.

Со оваа победа Георгиевски и го донесе првиот медал на Македонија на Олимписките игри во Токио.

За златото, Георгиевски ќе се бори со Владислав Ларин од Русија. Борбата е закажана за 14.45 часот.

Scroll to Top