Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Герогиевски се запиша во историјата на македонскиот спорт. Среброто на Георгиевски е најголемиот успех на Македонија на олимписки игри.
Дејан Георгиевски во финалет загуби од најголемиот фаворит, Русинот Владимир Ларин со 9:15. Првата рунда му припадна на Ларин со 2:0, втората беше израмнета 7:7, а во третата Русинот беше повторно подобра со 6:2.
На патот до финалето, Георгиевски најпрвин го победи светскиот првак, Рафаел Алба Кастиљо со 11:8, потоа во второто коло со 9:4 беше поуспешен од СејдуГбане од Брегот на Слоновата коска, а за пласман во финалето убедливо со 12:6 славеше над Ин Кјо Дон од Јужна Кореја.
Противниците кои Георгиевски ги победи на патот до финалето, Кубанцот Кастиљо и Кореецот Ин ги освоија бронзените медали во оваа конкуренција.