Дел од македонската јавност можеби за првпат имаше шанса да се сретне со корејскиот традиционален спорт теквондо, гледајќи го Дејан Георгиевски во финалето во Токио, но интересниот контакт-спорт носи емоции и во други земји кои немаат голема традиција во спортот.
Ова најдобро го прикажа поранешниот освојувач на сребро за Британија, Лутало Мухамад, кој не успеа да ги контролира емоциите и го напушти студиото на „Би-би-си“ каде што го коментираше мечот на сонародничката Бјанка Вокден.
Вокден загуби во полуфиналето во категоријата до 67 килограми во неверојатна драма, откако доби удар во главата (за три поени) за 24:25 пораз од Јужнокорејката Ли Да-Бин. Иако Вокден потоа се созеде и освои бронза, за Мухамад драматичниот пораз беше толку мачен, што го напушти студиото.
INCROYABLE !! Lee Dabin ?? qui s’impose face à Bianca Walkden ?? à la dernière seconde !!!!! Magnifique coup de pied à la tête !
Direction la finale pour la coréenne ! #JeuxOlympiques #Taekwondo pic.twitter.com/Hi3479b9AB
— Yanis T?️crate ? (@YanisTocrate) July 27, 2021