Топлото време со големата влажност на воздухот им задава големи проблеми на тенисерите и тенисерките на Олимписките игри во Токио.
Данил Медведев, вториот носител на турнирот, уште еднаш го критикуваше организаторот, за времето кога започнуваат натпреварите.
Медведев, денес, славеше над Фабио Фоњини со 6/2, 3/6, 6/2. Мечот се одигра по исклучително тешки временски услови. Во текот на мечот судијата го праша Медведев да ли се е се во ред.
„Можам да го завршам мечот, но доколку умрам кој ќе ја преземе одговорноста?“.
За разлика од Медведев, на теренот не успеа да остане шпанската тенисерка Паола Бадоса. Таа и го предаде мечот на Маркета Вондрашова.
Во текот на првиот сет Бадоса неколку пати бараше медицинска помош, по што се повлече од турнирот.