Новак Ѓоковиќ избори пласман во четврт-финалето на Олимписките игри во Токио. Првиот носител на турнирот, во осмина-финалето, го декласира Шпанецот Алехандро Давидович-Фокина.
Ѓоковиќ славеше во два сета со 6/3, 6/1.
Давидович-Фокина, со исклучок на првиот гем кога пропушти две топки за брејк, не можеше да му парира на најдобриот светски тенисер. Ѓоковиќ направи брејк во четвртиот гем, потоа лесно го освои првиот сет, а во вториот буквално го збрша противникот.
Ѓоковиќ во четврт-финалето ќе игра против домашниот тенисер Кеи Нишикори кој славеше победа во дуелот со Иља Ивашка од Белорусија 7/6, 6/0.