Британскиот мотоциклист, Кал Крачлоу, ќе ги вози наредните три трки за тимот на Петронас Јамаха. Во тимот тој ќе го замени повредениот Франко Морбидели. Италијанскиот возач минатиот месец го оперираше коленото, пред трката за Големата награда на Холандија.
Покрај тоа што не настапи на патеката во Асен, Морбидели сигурно ќе ги пропушти двете трки на Ред Бул ринг, Големата награда на Штаерска и Големата награда на Австрија и трката за Големата награда на Велика Британија.
Крачлоу се повлече минатата година и потоа стана тест возач на Јамаха.
Британецот, во 2011 година, во Јамаха Тех 3 тимот, го имаше своето деби во мотоциклизмот. Во кариерата возеше и за Дукати, односно ЛЦР Хонда. Со овој тим ги има забележано единствените три победи во кариерата.
Крачлоу нема да биде единствениот пензиониран возач кој се враќа на патеките. На Големата награда на Штаерска, на 8.август, ќе вози и Дани Педроса. Шпанецот доби специјална покана да воси за КТМ рејсинг.