Top Sport

ЛШ: Звезда го „пукна“ Каират, Селтик испадна по драмата во Данска

Црвена звезда ја надополни негативата од 1:2 од првиот меч, за дома со 5:0 да го „растури“ казахстанскиот Каират Алмати во второто коло од квалификациите за Лигата на шампиони.

Работата беше завршена уште во првото полувреме, кога со двата гола на Александар Катаи дојдоа до 3:0 предност, пред во второто полувреме, веќе до 56. минута да биде 5:0. Следен противник за српскиот шампион е молдавскиот Шериф Тираспол, кој вторпат го победи ерменскиот Алашкерт (3:1).

Во третото коло на квалификациите нема да биде шкотскиот вицешампион, Селтик, откако на гостувањето кај Митјиланд во Данска загубија со 2:1 во продолжението, откако во Шкотска беше 1:1. Бугарскиот шампион Лудогорец ја елиминираше словенечка Мура со 3:1 победа откако во Словенија беше 0:0, а во третото коло се и фаворитите Олимпијакос, ПСВ Ајндховен и Спарта Прага.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, КВАЛИФИКАЦИИ

Нефчи Баку (Азе) – Олимпијакос (Грц) 0:1, прв меч 0:1, вкупно 0:2

Шериф Тираспол (Мол) – Алашкерт (Ерм) 3:1, прв меч 1:0, вкупно 4:1

ЦФР Клуж (Ром) – Линколн (Гиб) 2:0, прв меч 2:1, вкупно 4:1

Митјиланд (Дан) – Селтик (Шко) 1:1, 2:1 по продолженија, прв меч 1:1, вкупно 3:2

Галатасарај (Тур) – ПСВ Ајндховен (Хол) 1:2, прв меч 1:5, вкупно 2:7

Лудогорец (Буг) – Мура (Сло) 3:1, прв меч 0:0, вкупно 3:1

Јанг Бојс (Шва) – Слован Братислава (Свк) 3:2, прв меч 0:0, вкупно 3:2

Црвена звезда (Срб) – Каират Алмати (Каз) 5:0, прв меч 1:2, вкупно 6:2

Спарта Прага (Чеш) – Рапид Виена (Авт) 2:0, прв меч 1:2, вкупно 3:2

Scroll to Top