Кошаркарскиот клуб Црвена звезда потврди дека Душан Алимпијевиќ веќе не е тренер на клубот, откако се согласил на „взаемно раскинување на договорот“.
Заминувањето на Алимпијевиќ доаѓа по поразот од Мега Бемакс во српската лига, за втор пораз во низа по неуспехот во АБА лигата и Купот на Радивое Кораќ.
„Од понеделник, Душан Алимпијевиќ веќе не е тренер на КК Црвена звезда, по взаемното раскинување на договорот. Неговото место го презема неговиот помошник Миленко Топиќ“, се вели во соопштението на Црвена звезда.
Алимпијевиќ имаше 69 натпревари со Звезда, од кои 11 победи во Евролигата и освоеното прво место по регуларната сезона во АБА-лигата.
Фото: ЕПА