Top Sport

Дрогба направи прекрасен потег за младиот навивач (видео)

Дидие Дрогба се доближува до крајот на својата фудбалска кариера, откако 40-годишната легенда на фудбалот од Брегот на Слоновата Коска, ја игра последната сезона со клубот Феникс рајзинг.

Дрогба, прво зема малку вода од еден млад гледач покрај корнерот, по што со одлична асистенција го наоѓа Џејсон Џонсон за гол против вториот тим на Лос Анџелес галакси во УСЛ лигата (втората американска лига). Со голот резултатот е израмнет на 1:1, а Дрогба веднаш прослави со децата од кои ја позајми водата.

До крајот на мечот, Дрогба се запиша и во листата на стрелците, со гол од пенал во 78. минута за 4:3 победа на Феникс.

Scroll to Top