Хајдук успеа да прокоцка 2:0 водство од првиот натпревар и да загуби со 4:1 од казахстанскиот Тобол за уште една европска „катастрофа“ на славниот клуб од Сплит.
Уште поиронично, по првите 45 минути немаше голови и времето работеше за Хајдук, пред во 56. минута српскиот интернационалец Јованчиќ да ги донесе Тобол во водство. Пет минути подоцна Сергеев зголеми на 2:0, пред тој да постигне уште еден гол за 3:0! Кровиновиќ имаше совршена шанса да ги врати во игра сплиќани со удар од белата точка, но неговиот обид го одбрани голманот Мокин.
Сахити пак, успеа во судското надополнување да погоди од белата точка за 3:1, а бидејќи сега не важи правилото за гол во гости, се отиде на продолженија. Тагиберген на две минути пред крајот на второто продолжение ги „уништи“ Хајдук.
Во аут е и поранешниот европски шампион, Стеауа Букурешт (сега под името ФЦСБ), откако со 2:1 загубија од Шатхјор Караганди од Казахстан, а потоа на пенали го загубија мечот. Во првиот меч, ФЦСБ славеше со 1:0.
Контроверзниот газда на тимот, Џиџи Бекали, за романските медиуми веќе најави дека ќе отпушти двајца фудбалери – Вучур и Ондрашек.