Селемон Барега го освои првиот златен медал во атлетика на Олимписките игри во Токио. Атлетичарот од Етиопија победи на трката на 10.000 метри.
Барега, на тронот го наследи Мо Фарах, кој победи во оваа дисциплина на Игрите во Лондон и Рио де Жанеиро. Фарах не успеа да ја исполни олимписката норма.
Барега, со резултат 27:43.22 минути, победи пред атлетичарите од Уганда, Џошуа Чептеги (27:43.63) и Џејкоб Чимплинго.