Двократното злато на Евгениј Рилов во пливањето очигледно предизвика и меѓународен политички инцидент, откако неговиот американски ривал и претходен шампион Рајам Мафри неосновано го обвини натпреварувачот за „валкани игри“.
Марфи двапати загуби од Рилов, на 100 и на 200 метри грбно, по што изјави дека пливал во трка „која најверојатно не е чиста“.
„Имам околу 15 мисли, а 13 од нив ќе ми донесат многу проблеми. Ментално е исцрпувачки да ја поминеш годината знаејќи дека не пливаш во трка која е чиста и тоа е тоа. Луѓето кои знаат повеќе за ситуацијата ја направија одлуката. Немам можност да лобирам кај луѓето кои прават вакви одлуки“, изјави Марфи.
Ова, секако, наиде на огромна реакција од страна на Рускиот олимписки комитет (РОЦ), чии 335 спортисти на на Олимпијадата се приморани да настапуваат без националното знаме и химна.
„Ох, како нашите победи ги лутат ривалите. Да, тука сме на Олимпијадата. Оправдано и не е важно дали тоа ви се допаѓа. Мора да научите и да губите. Старата песна повторно почна за рускиот допинг. Некој ја тера оваа западна пропаганда преку устата на лошите губитници. Простете им на тие кои се послаби. Господ е нивниот судија, а за нас поткрепа“, објавија од Рускиот олимписки комитет (РОЦ) во интересна објава на социјалните мрежи.
На подоцнежната прес-конференција, Марфи инсистираше дека не го обвинувал Рилов дека е допингуван.
„Да бидам јасен, немав намера да правам обвинувања, честитки до Евгениј кој е талентиран пливач и работи напорно. Една од работите која ме фрустрира е што не можеме да кажеме дека трката е чиста поради тоа што се случуваше во минатото“, додаде Марфи.
Как же нервируют наши победы отдельных коллег по цеху. Да, мы здесь, на Олимпийских играх. Абсолютно по праву. Нравится это кому-то или нет.
А вот проигрывать надо уметь. Но не всем это дано. Старая шарманка снова затянула песнь о русском допинге. Кто-то усердно крутит ручку➡️ pic.twitter.com/1OgizY5cK0
— Olympic Russia (@Olympic_Russia) July 30, 2021