Top Sport

Сензација во Токио – Кинеските одбојкарки остнаа без пласман во четврт-финалето

Женската одбојкарска репрезентација на Кина остана без шанси да го брани златниот медал освоен пред пет години во Рио де Жанеиро. На две кола до крајот на фазата по групи, Кина остана без шанси да се пласира во четврт-финалето.

Кина денес доживеа пораз од Турција со максимален резултат (23:25, 20:25, 18:25). До крајот на оваа фаза ќе одигра уште два натпревари, против Аргентина и Италија, но и со евентуални две победи, нема шанси за пласман во четврт-финалето.

Од оваа група понатаму ќе продолжат Италија, Русија, САД и Турција.

Елиминацијата на Кина е најголемата сензација, во колективните спортови, во досегашниот тек на Олимписките игри.

Scroll to Top