Top Sport

Нервозниот Ѓоковиќ еден рекет фрли на трибините, вториот го искрши

Новак Ѓоковиќ се наоѓа пред пораз во мечот за бронзениот медал, на олимпискиот турнир во Токио.

Во дуелот со Пабло-Карењо-Буста, Ѓоковиќ го загуби првиот сет со 6/4, во тајбрејкот на вториот сет, тој успеа да спаси меч топка и пота да израмни на 1:1.

Првиот гем од решавачкиот сет му донесе бреј топка, а откако не ја искористи, видно изнервиран го фрли рекетот на трибините.

Не доби опомена од судијата бидејќи нема гледачи на трибините.

Продолжи со нов рекет, но и тој не издржа долго, бидејќи во нов налет н фрустрација го искрши.

Scroll to Top