Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, закрепнува по операцијата, која му била извршена поради мозочен удар. Според британските медиуми, 76-годишниот Шкотланѓанец се чувствува добро, иако неговата задравствена состојба и понатаму е сериозна.
Како што пишоваат медиумите на Островото, Фергусон се разбудил од кома, седел и разговарал со семејството и се распрашувал околу резултатите на лекувањето.
Фергусон бил хоспитализиран во петокот, во болницата „Салфор Ројал“, порад мозочен удар. Веднаш бил опериран и неговата здравствена сосотјба била критична.
По операцијата тој е задржан на одделението за интезивна нега, во кома, а првите прогнози на докторите биле полни со оптимизам, со напомена дека пред светски познатиот тренер е долг период на закрепнување.
Сер Алекс Фергусон 27 години го предводеше Манчестер јунајтед. Со „црвените ѓаволи“ освоил вкупно 38 титули, од кои две во лигата на шампионите и 13 во Премиер лигата.