Top Sport

Венгер добил многу понуди за работа

Менаџерот на Арсенал, во заминување, Арсен Венгер ги отфрлил тврдењата дека Месут Езил ги бира натпреварите на кои ќе игра, а на новинарите им открил дека бил изненаден од бројот на пубудите што ги добил, откако обајвил дека ќе замине од „Емирејтс“. Арсенал, утре, ќе му гостува на Лестер во одложениот натпревар од 31.коло.

„Еил можеби ќе се појави во тимот против Хадерсфилд, во понеделникот беше на дополнителни прегледи поради повредата на грбот. Со ова аповреда се мачеше и во Мадрид. Фудбалерите не се тие кои ќе бираат на кога и против кого ќе играат. Понекогаш изгледа дека е така, но во пракса тоа не се случува“, рекол Венгер.

Францускиот стратег смета дека и по неговото заминување, со две-три засилувања, Арсенал ќе има тим што ќе може да се бори за шампионската титула.

Одговорил и на прашањето дали веќе добил понуда за работа.

„Да!Добив повеќе понуди отколку што очекував. Се уште ниту една не сум разгледал. Сакам до последниот ден да му бидам посветен на Арсенал. Секако дека ќе бидам активен, мојот мозок тоа го бара. Имам големо искуство…Не ја разгледувам единствено опцијата да трениерам некој друг клуб во Англија“, рекол Венгер.

Натпреварот помеѓу Лестер и Арсенал ќе се игра в среда од 20:45 часот.

Scroll to Top