Top Sport

Абрамович е само петти на листата на најбогати фудбалски газди

Фудбалските фанови подолго време се восхитуваат на финансиската моќ на Роман Абрамович и неговата подготвеност да плаќа големи суми за фудбалери со кои се стигнува до големи титули, но последната листа на најбогати фудбалски газди го поставува само на петтото место.

На врвот според „Дејли стар“, без изненадувања е Шеик Мансур, газдата на Манчестер сити со богатство од фантастични 20 милијарди долари. 50-годишниот Мансур преку својата Абу Даби јунајтед групација го презеде Сити за 210 милиони фунти во 2008 година, по што изгради тим кој освои пет титули од Премиер лигата, шест од Лига купот и два ФА купа.

Борбата за врвот, сепак, не беше лесна – тој го „победи“ газдата на Ред бул, и следствено на РБ Лајпциг и Ред бул Салцбург, Дитрих Матешиц, кој има богатство од 19 милијарди долари. По него следуваат претседателот на Јувентус, Андреа Ањели со 14 милијарди долари и газдата на Хофенхајм, контроверзниот Дитмар Хоп со 13 милиони долари.

54-годишниот Абрамович, кој е газда на Челси од 2003 година, е петти со богатство од 12 милијарди долари. Под него, да потсетиме, Челси освои 5 титули од Премиер лигата, 5 од ФА купот, 3 од Лига купот, 2 од Лигата на шампионите и 2 од Лига Европа.

ТОП 10 НАЈБОГАТИ ФУДБАЛСКИ ГАЗДИ

1.Шеик Мансур – Манчестер сити (20 милијарди $)

2.Дитрих Матешиц – РБ Лајпциг (19 милијарди $)

3.Андреа Ањели – Јувентус (14 милијарди $)

4.Дитмар Хоп – Хофенхајм (13 милијарди $)

5.Роман Абрамович – Челси (12 милијарди $)

6.Филип Аншуц – ЛА галакси (10 милијарди $)

7.Стен Кренке – Арсенал (9 милијарди $)

8.Насер Ал-Хелаифи – Пари Сен-Жермен (8 милијарди $)

9.Жанг Џиндонг – Интер Милано (7.6 милијарди $)

10.Роберт Крафт – Њу Ингланд револушн (6 милијарди $)

Scroll to Top