Актуелниот тренер на Зенит, Роберто Манчини, се согласил да биде селектор на италијанската фудбалска репрезентација, пишува „Газета дело спорт“.
Како што наведува весникот, 53-годишниот тренер в недела ќе го стави својот постпис на договорот со Фудбалскиот сојуз на Италија. Манчини ќе потпише двегодишен договор, за кој ќе добие четири милиони евра.
Инаку, иако Зенит се наоѓа на петтата позиција во лигата, клубот не сака да се раздели со Манчини, кој како италијански селектор ќе има двојно помала плата. Манчини во Зенит годишно заработува 4,5 милиони евра.
Фудбалскиот сојуз на Италија за две години, за селекторот и неговите помошници ќе издвои пет милиони евра.
Роберто Манчини 17 години работи како тренер. Во кариерата три пати бил шампион на Италија со Интер, а на Манчестер сити му ја донесе првата титула во Англија по пауза од 44 години.
„Газето дело спорт“ пишува дека Манчини ќе го врати Марио Балотели во репрезентацијата и ќе се обиде да го убеди Џанлуиџи Буфон да го одигра својот последен натпревар на 4.јуни, кога во Торино, Италија ќе одигра пријателски натпревар против Холандија.