Венецуелката Јулимар Рохас го донесе првото злато за својата земја на Олимпијадата во Токио, откако во спектакуларно натпреварување во трискок успеа со последниот скок да постави нов светски рекорд во историјата. Ова е само трето злато во историјата на јужноамериканската држава.
Рохас, прво со првиот скок го обезбеди златото со скок од 15.43 метри, нов олимписки рекорд, за потоа во последниот скок да стигне до неверојатна далечина од 15.67 метри, дури 17 сантиметри подобро од светскиот рекорд на Украинката Инеса Кравец, поставен на Светското првенство во 1995 година во Гетеборг.
Среброто отиде кај Португалката Патрисија Пор Мамона (15.01 метри), а бронзата кај Шпанката Ана Пелетиеро (14.87 метри), далечини кои се далеку од успехот на Рохас, но претставуваат национални рекорди на двете земји.