Рафаел Надал се подготвува за својот прв настап на Сити опен во Вашингтон, каде што ќе стави крај на подолгата пауза од тенисот и ќе се обиде да стигне до својата трета титула оваа година.
Шпанскиот ас го прескокна Вимблдон, каде што светскиот број 1 Новак Ѓоковиќ го освои третиот гренд слем во 2021 година, поставувајќи го српскиот светски број 1 на еден трофеј од повторувањето на успехот на Род Лејвер од 1969 година – славниот гренд слем.
„Веќе има освоено три, така што кога имаш три, сигурно можеш и до четири. Ќе се подготвува за хардкорт сезоната, а тоа е најверојатно неговата најсилна подлога, така што зошто да не? Секако, ќе биде многу тешко бидејќи сите сакаат до титулата, но Новак е фаворит“, вели Надал.