Женските ракометни репрезентации на Шведска, Русија, Франција и Унгарија, од Б-групата, изборија пласман во четврт-финалето, на олимпискиот турнир во Токио.
Унгарија, во последен момент од оваа конкуренција се пласираше меѓу најдобрите осум. Во последното коло, Унгарките славеа победа 26:23 (15:15) против Швеѓанките, кои немаат никаков мотив, бидејќи веќе го имаа обезбедено првото место во групата.
Унгарија со овој триумф ја елиминираше Шпанија од понатамошните борби. Овие две селекции имаат ист број на бодови, но Унгарките го добија меѓусебниот дуел во Токио.
Против Шведска, пет ракометарки на Унгарија (Лукач, Хафра, Клујбер, Мартон и Солоши) постигнаа по четири гола.
Шпанија, не успеа да ја победи Русија. Шпанките доживеаја пораз 31:34 и го завршија својот настап во Токио.