Динамо Загреб, го дозна името на противникот во плејофот за пласман во Лигата на шампионите.
Доколку екипата, чии дрес го носат македонските репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски, ја мине Лгија од Варшава во третото коло, последна пречка на патот до главната фаза ќе и биде Црвена звезда.
За да дојде до натпревар на големите ривали од поранешна Југославија, покрај тоа што Динамо треба да ја елиминира Легија, Црвена звезда ќе треба да го победи Шериф. Првиот натпревар би се играч во Загреб, а реваншот во Белград.
Првите натпревари во плејофот, за пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите, ќе се играат на 17 и 18 август, а реваншите една недела подоцна.